Британската полиција ослободи шестмина од десетмината уапсени за нападот во Лондон

од Vladimir Zorba

 

Британската полиција ослободи шестмина од десетмината уапсени за нападот во близина на Парламентот во Лондон.

Шестмината, две жени и четворица мажи се уапсени во Бирмингем, каде донеодамна живеел и напаѓачот Халид Масуд. Сите тие се уапсени под сомнение за подготовка на терористички напади.

Четири лица и натаму остануваат во притвор.

Полицијата претпоставува дека Масуд дејствувал сам, но истражува дали има и други, кои му помагале да го подготви нападот.

Британскиот министер за прашањата за Блискиот Исток и Африка Тобајас Елуд, кој му пружи прва помош на полицаец ранет во нападот беше удостоен со почесна титула од кралицата Елизабета, соопшти кабиенетот на британскиот премиер.

Слични содржини