Британската полиција уапси шести човек поврзан со терористичкиот напад во лондонското метро

од Vladimir Zorba

   Британската полиција денеска уапси шести човек, осомничен за терористичкиот напад  во лондонското метро, што се случи минатата недела.


Седумнаесетгодишно момче беше уапсено во лондонскиот округ, Торнтон Хит, соопшти лондонската полиција.

– Приведовме шест мажи и продолжуваме со претресот на пет локации, изјави Дин Хејдан, шеф на антитерористичките операции на полицијата.

Полицијата вчера уапси двајца мажи во Њупорт, Велс, откако претходниот ден, во истиот град, беше уапсен 25-годишен маж.

Уште двајца се осомничени од Лондон, едниот на 18-годишна возраст, а  другиот 21- годишен, во врска со нападот на железничката станица Парсонс Грин во Лондон, кога рачно изработена бомбата беше активирана и притоа беа повредени околу 30 лица.

Слични содржини