Британски бизнисмен раскажа за “храбар план” на Трамп за Русија

од desk3

Британскиот бизнисмен Арон Бенкс, наречен од западните медиуми главен спонзор на Брексит, дал коментар за весникот Daily Express, во кој вели дека “Трамп и Путин ќе работат заедно, бидејќи Трамп има намера да се бори со радикалните исламисти”.

1480239603-aaaa-sashch-trmp-yumrutsi

Самиот Бенкс разговарал со Трамп на 12 ноември, кога заедно со лидерот на партијата UKIP Најџел Фараж го посети облакодерот Trump Tower – штабот на новоизбраниот претседател.

“Британската влада треба да се затвори во една темна соба со компресија на челото, бидејќи Америка ќе биде сојузник на Русија” – цитира бизнисменот Daily Express.

Весникот забележува дека кај Бенкс “не останале никакви илузии во врска со плановите на Трамп во однос на Москва”. “Ова е радикален, храбар чекор, но тој ќе соработува со Путин во областа на надворешната политика. Токму тоа има намера да го прави “- тврди бизнисменот.

coz_b_9xeaattrl-646x437

Меѓу лидерите на Русија и САД веќе се одржа телефонски разговор во кој Путин ја потврди подготвеноста на Москва да ги развива билатералните односи врз основа на “еднаквост, меѓусебно почитување и немешање во внатрешните работи”. Трамп од своја страна ја истакнал потребата од партнерство на двете земји во борбата против тероризмот и изразил надеж за понатамошна соработка.

Слични содржини