Британски медиум пукна со изненадувачка кандидатура за претседателските избори во Русија во 2018 година

од Vladimir Zorba

1472376904-pok

Нема да поверувате кој е потенцијалниот кандидат ,а Forbes го смета за “најмногу ветувачки политичар”

Обвинителот на Крим Наталија Поклонскаја ужива огромна популарност во Русија и во странство, која ја соопшти својата намера да се кандидира за пратеник во Државната дума, пишува Daily Mirror.

Покрај тоа, според весникот, Поклонскаја е сметана за “потенцијален кандидат” за претседателските избори во 2018 година.

Обвинителот на Крим Наталија Поклонсаја изјави дека ќе се кандидира на изборите за државниот дом на Русија (Долниот дом на рускиот парламент) од партијата “Единствена Русија”, пишува Daily Mirror.

Исто така, Поклонскаја е вклучена во списокот на “најмногу ветувачи политичари” на магазинот Forbes, кој смета дека е “потенцијален кандидат” за претседателските избори во земјата во 2018 година, додава весникот.

Поклонскаја стана обвинител на Крим на 33-годишна возраст, малку по анектирањето на полуостровот од страна на Русија во 2016 година.

Во своето интервју таа утврди дека киевските власти се како “ѓаволи од пепел” и истакна дека ја поддржува “независноста на Крим”.

Daily Mirror потсетува дека Наталија Поклонскаја стекна со светска слава во само неколку минути по првата прес-конференција.

Видео на кое таа слуша прашање на новинар, и собра околу 300.000 посети на мрежата само во Јапонија, покрај тоа што клипот не беше проследен со превод на јапонски. Од тогаш на интернет се појавија голем број цртежи на Поклонскаја.

Слични содржини