Британскиот амбасадор ја поздрави одлуката на македонското МНР

од Vladimir Zorba

 Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет ја поздрави одлуката на македонското Министерство за надворешни работи, да протера еден руски дипломат од земјава, поради случајот Скрипал.

– Го поздравувам одлуката на Македонија, како дел од една исклучителна, обединета акција од меѓународната заедница против рускиот напад со нервен гас на британско тло. Моќен израз на солидарност, напиша амбасадорот Гарет на Твитер.

Одлуката на македонското МНР, како што претходно беше соопштено, е донесна по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.

За случајот Скрипал од 14 земји членки на Европската унија ќе бидат протерани најмалку 30 руски дипломати, во глобална координирана акција како одговор за Москва поради случајот Скрипал.

Слични содржини