Британскиот министер Сер Алан Данкан го поздарвува доделувањето на мандатот на Заев

од Vladimir Zorba

Британскиот министер  за Европа и Америка, Сер Алан Данкан со соопштение за најновиот позитивен развој настаните во Македонија.

„Ја поздравувам одлуката на Претседателот Иванов да му овозможи на парламентарното мнозинство предводено од г. Заев да формира влада. Ова е битен чекор напред.

Обединетото Кралство ги повикува сите политички лидери да работат заеднички, конструктивно и во интересот на Македонија и сите нејзини граѓани.

Ние сме подготвени да ги помогнеме таквите напори и да ја поддржиме Македонија во нејзините аспирации за ЕУ и НАТО.“, порача Данкан.

Слични содржини