Парламентот на Велика Британија го поддржа предлогот на премиерот Тереза Меј за предвремени парламентарни избори, објавија  британски медиуми.

522 пратеници гласаа за предвремени избори, а 13 (деветмина од лабуристите, тројца независни и еден од Социјалдемократската и Лабуристичка партија) гласаа “против”.

Според британски закон, фиксен рок за спроведување на избори, за усвојувањето на предлогот на премиерот беше потребен со  мнозинство од 2/3 или 509 пратеници.

Изборите ќе се одржат на 8 јуни.

На почетокот на дебатата премиерот Меј изјави пред пратениците дека изборите ќе и дадат на земјата силно и стабилно лидерство.Ќе бидат во национален интерес , истакна таа.

Според неа државата има потреба од три нешта: силна економија, силна одбрана и силно лидерство.

Таа не пропушти да го нападне и лидерот на лабуристите Џереми Корбин.

Корбин ќе  ја банкротира економијата, ќе ја ослабне одбраната  и не е способен да раководи, појасни премиерот.

Корбин  за возврат поздрави организирањето на предвремени избори.

За време на дебатата пред гласањето во законодавниот орган Зелените повикаа да се овозможи на 16 и 17-годишните Британци да гласаат на изборите.

ITV и БиСиСи најавија дека ќе организираат предизборни дебати.

Во исто време стана јасно дека поранешниот министер за финансии Џорџ Озборн го напушта парламентот и започнува работа како уредник во Evening Standard.