Спасителот на над 650 еврејски деца за време на холокаустот – Сер Николас Винтон, почина на 106 години. Тоа гo соопштија од семејството на заслужниот маж, нарекуван уште “британскиот Шиндлер”, соопштува “Дејли Меил”.

20150702.uebjjvnmnu

За време на Втората светска војна Уинтн успева да со бирократски канџи ги изигра нацистите и да  со воз превее  над 650 деца кои се наоѓаат во концентрациони логори, од Прага до Велика Британија. Речиси половина век спасителот на стотици животи  го чува подвигот во тајност, до 1988 година, кога неговата сопруга Грета ја открива актовката  со листа на спасените од него детски, имињата на нивните родители и семејствата, во кои се сместени. Истата година БиБиСи организира неверојатна изненадување на Винтон и ги  собира на едно место преживеаните благодарение на него деца кои станале големи луѓе кои му се заблагодарија за тоа дека им дал шанса да пораснат и да имаат свои деца.

Винтон почина тивко во сон во болницата на градот Слоун. Околу него биле неговата ќерка Барбара и неговите двајца внуци, соопшти зет му Стивен Вотсон.Минатата година и Чешка го удостои Винтон со награда, во знак на почит кон стореното од него. Во 1938 година тој организираше 8 евакуации на деца од земјата, загрозени од испраќање во концентрационен логор. По долга преписка во британското Министерство за надворешни работи, кое треба да ја  реши имиграцијата на толку голем број луѓе, Винтон успева да ги убеди и нацистите да ги пуштат децата. Потоа работи за наоѓање на британски семејства кои сакаат да  ги прифатат еврејчињата, и наоѓа пари за да може на секое домаќинство да му  биде платена помош за издржување  за тогаш  во износ од 50 фунти. Вкупно во месеците пред избувнувањето на Втората светска војна Винтон успева да спаси живот на 669 деца. Неговата голема болка, сепак, е фактот дека последниот организиран од него воз кој превезувал 250 деца  во септември 1939 година, не успева да тргне поради инвазијата на Германија во Полска. Се смета дека тие станаа дел од над ужасната бројка на над 1 милион  загинати чешки Евреи во Аушвиц.

winton2

Во 2003 година Винтон е прогласен за витез од страна на кралицата за “служба на хуманоста”. “Одлично е што сте можеле да  спасите толку многу деца”, му рече тогаш Елизабета II. Во 2010 е награден со медал “Херојот од холокаустот” на британската влада. Чешката Влада пак постојано го беше номинирала за Нобеловата награда за мир. Во 2014 година Уинтон се врати во Прага, каде што беше награден со чешкиот Орден на белиот лав.

Слични содржини