Британските медиуми жестоко ја нападнаа армијата: Французите нè засенија во Сирија, авионите ни се стари по 40 години…

од desk2

Иако британската премиерка Тереза Меј го пофали воениот напад кој што го изведе на Сирија заедно со Франција и САД, локалните британски медиуми сметаат дека нема премногу причини за славје.

Велика Британија нема бродови кои што можат да лансираат крстосувачки ракети, а авионите со кои што британското воено воздухопловство ја нападна Сирија се стари 38 години и ќе бидат „пензионирани“ идната година, оценуваат британските медиуми кои што го анализираат нападот на Велика Британија на Сирија.

„Депресивниот асортиман“ на стари бродови и борбени авиони е причината што нашата земја се најде во подредена улога дури и во однос на Франција, лансирајќи „само“ осум ракети.

Разурнувачот на кралската морнарица „Данкан“ беше во сенка дури и на француската фрегата „Лангведок“ од каде што беше нападната Сирија, додека британската фрегата вредна преку милијарда евра, едноставо ја напуштила позицијата.

Додека четирите француски бродови ја напаѓале Сирија, британскиот разурнувач „Данкан“ југоисточно од Кипар го покривал воздушниот простор во случај на напад на руската авијација.

Според британските медиуми, единствениот начин за да ја нападнат Сирија биле авионите „Торнадо“ кои што се во служба од 1979-та година, а ќе бидат „пензионирани“ следната година. Тие авиони биле штитени од авионите „Тајфун“, но тие авиони не можеле да носат крстосувачки ракети затоа што поради финансиски причини била одложена нивната надоградба.

Од друга страна, Франција со нападот на Сирија го потврдила статусот на политичка и воена сила, изјави премиерот на државата Едуар Филип.

„Сакам да им се заблагодарам на сите припадници на напата војска, и жени и мажи, кои што ја спроведоа оваа операција исклучително професионално“, изјави тој пред пратениците, по што доби громогласен аплауз.

Слични содржини