Британците гласаат на предвремени парламентарни избори

од Vladimir Zorba

Британците денеска гласаат на предвремени парламентарни избори. Од резултатот ќе зависи колку тврд ќе биде ставот на Велика Британија во преговорите со Брисел за излегување од Европската унија.

На прагот на Брегзит премиерот Тереза ​​Меј повика на гласови, за да се обиде да го зголеми бројот на пратениците и влијанието во парламентот. За мнозинство се потребни 326 пратенички места. Досега конзервативаната партија имаше 330 пратеници, а главната опозиција – лабуристите – 229.

Според прогнозите на денешните избори конзервативците ќе освојат меѓу 304 и 344 места, а лабуристите – меѓу 219 и 257. Постои можност Меј да го изгуби парламентарното мнозинство и да ја вовлече земјата во внатрешно политичка нестабилност.

Изборниот ден започнува во 7 часот наутро по локално време, а завршува во 22 часот.

Премиерот Тереза ​​Меј повика на гласање три години порано од планираното. Официјалната причина – да ја зајакне својата позиција во преговорите за излез на земјата од ЕУ. Меј тврди дека лабуристите, Шкотската национална партија и либералдемократите ќе се обидат да ја дестабилизираат и да го попречат процесот во парламентот.

Тереза ​​Меј влезе во предизборната кампања со стабилна предност. Две недели пред гласањето сепак, по нападот во Манчестер, таа нагло се стопи. Шест анкети покажаа дека конзервативците водат пред лабуристите само со околу 5 проценти. Сепак, сите велат дека Меј ќе победи на изборите. Таа се надева дека гласањето да и обезбеди поголемо мнозинство во Долниот дом и да ја зајакне власта.

Кои се главните играчи?

Двете најголеми партии се десната Конзервативна партија и левите лабуристите. Влијание во парламентот имаат уште Шкотската национална партија (SNP), лидералдемократите и Демократската унионистичка партија во Северна Ирска (DUP). Партијата за независност на Велика Британија (UKIP) и Зелените исто така имаат претставници во повеќето изборни единици. Заедно овие две партии освоија над пет милиони гласови на последните избори, но секоја од нив имаше по еден пратеник во парламентот.

“Главниот предизвик пред нас е да договориме најдобар договор за Велика Британија во Европа. Иднината и благосостојба, нашето место во светот, животниот стандард и можностите кои ги сакаме за нашите деца и внуци, зависат од тоа колку тврда ќе е нашата позиција во овие преговори. Затоа, повеќе од кога било, Велика Британија има потреба од силно и стабилно управување “, истакна ремиерот и лидер на Конзервативната партија Тереза ​​Меј.

Лидерот на лабуристите Џереми Корбин изјави: “Само ние имаме план како Брекзит ќе работи за обичните луѓе. Нека сме јасни – изборот е сега меѓу Брекзит на лабуристите, кој го става работните места на прво место и Брекзит на конзервативците, насочен кон интересите на Лондонското Сити, кој ризикува да стане Британија во даночно прибежиште со ниски плати. ”

А либералдемократите на Тим Фарн понудија втор референдум: “Некој ќе го има последниот збор за финалната зделка на Брекзит. Може да се политичарите, а може и да е народот. Верувам дека треба да е народот. Вие треба да имате право да кажете на референдум дали зделката на Тереза ​​Мај е точна за вас и за вашето семејство. Ако не ви се допаѓа оваа зделка, тогаш вие треба да имате избор да остане во Европската унија. ”

Што велат анкетите?

Просечната вредност на јавното мислење во шест анкети, објавени на крајот на месец мај им дава на конзервативците меѓу 43% и 46%, во споредба со меѓу 32% и 38% за лабуристите. Либералдемократите собираат под 10%, Партијата за независност на Велика Британија – 5%, Зелените – 4% и Шкотската национална партија – 4%.

За мнозинство во парламентот се потребни 326 пратенички места. Според прогнозите, конзервативците ќе освојат 344 места, а главната опозиција – лабуристите – 219. Досега конзервативците имаа 330 пратеници, а лабуристите – 229.

Како се избира британскиот парламент?

3303 кандидати се борат за вкупно 650 пратенички места. Обединетото Кралство е поделено на 650 географски изборни единици. Секој регион избира еден пратеник во Долниот дом. За да победи, кандидатот треба да има најмногу гласови. Најпознатите политичари обично се испраќаат во области каде што имаат сигурно мнозинство. За да има успех, партијата треба да го освои мнозинството од изборни единици. Лидерот на политичката партија со најмногу пратеници по изборите се очекува побараод Кралицата да стане премиер и да формира влада која ќе управува со земјата. Новиот парламент ќе се собере на 13 јуни и ќе биде официјално отворен на 19 јуни.

Зошто изборите се “изненадувачки” и “неочекувани”?

Тереза ​​Мај тврдеше дека сака да почека до 2020 година за следните закажани избори, но ја промени својата одлука, а овој нејзин потег ги изненади сите.

Премиерите на Велика Британија имаат слободата да свикуваат избори во секое време кога ќе проценат, но по закон парламентарното гласање треба да се одржува на секои пет години во првиот четврток на месец мај.

Изборите можат да се одржат предвремено од две причини – ако има недоверба во актуелната влада или пратениците гласаат за предвремени избори со двотретинско мнозинство. Тереза ​​Меј избра втората опција, која беше впечатлива поддржана од пратениците со 522 гласа “за” наспроти 13 “против”.

Последниот таков пример е од 1966 година. Тогаш премиерот Харолд Вилсон од Лабуристичката партија свика предвремени избори, по кратко време на власт, за да го зголеми бројот на пратеницитеи. Во 1974 година во рамките на осум месеци се одржуваат две гласања. Но причината тогаш е дека ниту една партија не освои мнозинство во Долниот дом на првите избори.

Што значи гласањето за Брекзит?

Велика Британија е на пат официјално да ја напушти Европската унија во петок, тоа беше претставено на 29 март 2019 година. Преговорите со Брисел ќе почнат откако ќе биде формирана новата влада.

Според конзервативците, сега е “единствената можна шанса за спроведување на избори, додека Европската унија ја усогласи својата преговарачка позиција”. Ако Меј победи со големо мнозинство, таа ќе го прифати гласањето како на доверба кон стратегија за напуштање на ЕУ.

Но ако кревкото нејзиното мнозинство во Долниот дом стане уште нестабилно или таа ќе загуби изборите од анти-Брекзит партиите како либералдемократите и тие добијат многу повеќе пратеници, тогаш тековната стратегија по разводот на Великобриатния со Унијата ќе биде однесена.

Слични содржини