Брижит Макрон со скап стил. Носи само Луј Витон и Кристијан Диор. Зошто изгледа млада?

од desk3

 

Французинките  отсекогаш биле познати како жени со стил, а новата прва дама на земјата Брижит Макрон е уште еден доказ за тоа.

И покрај тоа што е 25 години постара од својот сопруг Емануел Maкрон, Брижит изгледа многу помлада од 64 години. Во создавањето на овој впечаток во голема мера и помога  нејзиниот стил, бидејќи првата дама често се гледа во фармерки.

Иако никогаш јавно не зборува за начини за одржување на изгледот на своите клиенти, лекарот  Рос Пери, основач на “Козметикс клиник”, за Daily Mail вели дека нејзиното главно оружје е тенката и атлетска фигура и мудро избраната фризура која го отвора лицето,  а го крие вратот и сите знаци на стареење. Други експерти тврдат дека Брижит има фурнири на забите, вбризгува ботокс и се подложува на fece лифт.

Нејзината гардероба би ја  посакала половина  од помладите жени, бидејќи Брижит обично се гледа во фустани, тексас, па дури и кожени панталони. Медиумите пишуваат дека првата дама има многу скап стил и сака парчињата да се дизајнирани, особено ги сака потпишаните од Луј Витон или Кристијан Диор, Ермес. Често се гледа на француската модна недела. Сака и скапи чевли, како што се оние креирани од Џанвио Роси. Таа исто така може да се види и во скапа   Монклер јакна. Познатиот стилист Chantelle Znideric тврди дека Брижит изгледа како што многу жени можат само да сонуваат.

 

“Се облекува младешки, во класично добро прилагодени парчиња. Покрај тоа, носи тесни фармерки, кои ги носат половина од младите жени. Нејзиниот едноставен стил, кој се состои од јакна, блуза со едноставни линии и тесни панталони, во неутрална палета гарантира дека секогаш ќе изгледа елегантно “.

Брижит многу добро знае да скрие делови од своето  тело и тоа го прави со цел за да има повеќе самодоверба.

“Таа е рокенрол. Во ниту еден момент нема да каже:..” Еј, имам 64 години, не можам да носат мини здолништа штикли од 15 сантиметри, фустан без ракави, кожени панталони, таа се осмелува тоа да го носат “, рече Делфин де Canecaude за L’Express.

Раха Сепехрара

Истражувањата покажаа дека жените ја губат косата, по 50 година, но косата на Брижит е се уште  бујна. Фризерите веруваат дека веројатно се инсталирани додатоци за волумен на косата.

Фризерот Роб Фич тврди дека Брижит носи совршена фризура за нејзината возраст.

“Нејзината коса е густа и обемна, што ја прави помлада,”, рече.

Се согласи со него и колегата Кејти Ден, кој истакнува дека младешки впечаток го  засилува и добро одбраната боја на косата. Очигледно е и тоа дека Брижит големо внимание посветува на изгледот на кожата. Лекарот Офеома Ејикеме тврди дека првата дама има “убава структура на лицето”.

“Делови од носот  укажуваат на тоа дека во еден момент биле на операција. Но без разлика дали е тоа природно или со помош на операција, таа изгледа фантастично”, рече тој.

“Очигледно е дека многу  се грижи за изгледот на кожата, која изгледа десет години помлада. Нејзината кожа изгледа затегнато и има релативно малку брчки околу очите и на челото. Има линии околу устата и на аглите на очите, но тоа е поради тоа што има силни изрази на лицето. Можно е  таа  во минатото да користела ботокс, но тоа го направила суптилно и со добар ефект “, изјави хирургот Џулијан Де Силва.

Што се однесува до тенката линија, експертите велат дека се  во прашање гени.

 

“Веројатно виткоста се должи на брзиот метаболизам.  Тонусот на мускулите е слаб”, изјави тренерот Диего Јадро.

Друг тренер Мад Фидис смета дека Брижит  вежба со тегови или пилатес, за да го одржи својот природен изглед.

 

Слични содржини