Бројот на настраданите во пожарот во Прага порасна на четворица

од desk2

Четири лица загинаа и уште толку се повредени во пожарот што изби во хотел во центарот на Прага.

Се работи за хотелот Eurostars David, кој е оддалечен неколку километри од Влтава и Националниот театар.

Пожарникарите евакуираа 40 лица.

Двете лица кои загинаа во саботата се Германец роден 1996 година и Јужнокорејка родена 1997 година. Од итната помош рекоа дека најдени се уште две жртви и дека се работи за жени, но идентитетот не им е утврден.

Полицијата соопшти дека четири други лица со повреди се сместени во болница, но дека не е познато во каква состојба се.

Се уште не позната причината за пожарот а истрагата е во тек.

Слични содржини