Бројот на загинатите кај Ал Баб се зголеми на 60 лица

од desk2

Најмалку 60 загинати и околу 100 повредени е последниот биланс од експлозијата на авомобил бомба во близина на северниот сириски град Ал Баб. Меѓу загинатите има опозициски сириски борци.

Експлозијата се случила во селото Сусијан, северно од Ал Баб, кое неодамна го ослободија турските сили, со поддршка на сириските сојузни борци.

Мета на нападот била командата на опозициската Ослободителна војска на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Автомобилот бомба експлодирал пред командата, каде се собираат голем број граѓани за да добијат дозволи за враќање во Ал Баб.

Турските трупи, со поддршка на сириските сојузни борци, ја вратија контролата над Ал Баб по два месеци борба против Исламска држава. Екстремистите побегнале од градот, но сè уште држат одредени подрачја.

Слични содржини