Бројот на убиените во терористички напади во светот се зголемил за 80 отсто во 2014 година и достигнал 32.658 лица, се наведува во извештајот на аналитичката група Институт за економија и мир.2110931699

Минатата година во 11 земји имало над 500 загинати лица во терористички напади, се додава во извештајот.

Терористи, поврзани со Исламска држава и со Боко Харам, кои главно дејствуваат во Нигерија, се виновни за 51 процент од убиствата оваа година, покажува Глобалниот индекс на тероризмот, составен од Институтот, кој пресметал дека цената на тероризмот минатата година изнесувала 53 милијарди долари.

Седумдесет и осум отсто од загинатите во терористичките напади се во пет земји – Авганистан, Ирак, Нигерија, Пакистан и Сирија.

– Значителното зајакнување на терористичката дејност значи дека таа се шири на многу места низ светот, констатира Стив Килилеа, кој е основач на аналитичката група.

Десет од 11-те најзагрозени земји од тероризам се и меѓу земјите со најголем број бегалци и внатрешно раселени лица.

– Тоа ја покажува и силната поврзаност меѓу сегашната бегалска криза, тероризмот и конфликтите, додава Килилеа./МИА

Слични содржини