Брус Џенер навистина е во процес на промена на полот и е многу среќен за тоа дека наскоро ќе се претвори во жена.bc73213b2634caf7b0e67aeaf3836273

Вториот татко на Ким Кардашијан има 65 години и е познат поранешен спортист и олимписки шампион. Во последната година тој претрпе неколку сомнителни операции – ги зголеми усните и го отстрани Адамовото јаболко, што предизвика шпекулации дека тој почнал транзиција кон промена на полот.

Во последно време Брус се појавува со долга коса, шминка и со нокти. Извор близок до кланот Кардашијан вели: “Тој ќе си направи свое реално шоу во кое ќе го раскаже својата преминување кон женскиот пол. Тој е сè повеќе убеден и изгледа многу среќен. ”

Минатата година Брус се разведе со риалити ѕвездата Крис Џенер, по 22 години брак.Тој има две ќерки од Крис – Кајли и Кендал.Покрај тоа, тој има и двајца синови – Броди и Брендон од претходниот брак.

Желбата на Брус да живее како жена е доста шокантна, но очигледно членовите на неговото семејство го поддржуваат. Неодамна самата Ким, која заедно со сестрите Клое и Кортни му е посвоена ќерка на Брус изјави во интервју: “Мислам дека тој е многу среќен во последно време. Не сум го видела посреќен. Тој е наш татко и ние го поддржуваме, без разлика што мислиме. ”

34-годишната убавица додаде: “Мислам дека секој поминува низ какви нешта во својот живот и сигурна сум дека тој ќе го сподели своето патување, кога ќе дојде време.”

Слични содржини