Брзам на авион

од Vladimir Zorba

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

goran-mihajlovski1Дојде Хан и пак му даде крилја на Груевски. После 12 минути изјава во која верглаше на празно, последните две минути ги искористи да каже дека СЈО треба да работи професионално и дека не треба да се злоупотребува.

„Значајно е да се гарантира дека СЈО може да работи независно, непристрасно, но од друга страна и да го применува професионализмот. Имам голема доверба во неа (Катица Јанева м.з.). Сметам дека е значајно таа да ги искористи сите можности кои ги има и да се види крајниот резултат, но исто така да не се интервенира во тоа што таа го работи и таа да не се злоупотребува“, рече Хан и дообјасни: „Брзам на авион“.

Сега останува на портпаролката Маја Коцијанич да дообјасни од каде му е идејата на Хан дека СЈО се злоупотребува. На пример, кој го злоупотребува СЈО? Кој ја бутка тезата дека СЈО не е професионално? Некој што е обвинет од СЈО? Или некој што е под истрага од СЈО? Или некој чиј глас го слушавме во речиси сите бомби, па мора да го истражува СЈО?

Каде слушнал Хан дека СЈО се злоупотребува? Во белиот партиски дворец кој полицијата подобро го чува од зградите на Собранието и Владата заедно? Од кого чул Хан дека СЈО се злоупотребува? Од тој што со наши пари за провизија купил скапа опрема за прислушување и сите нè прислушувал? И откако се откри дека нè прислушувал, ја уништил опремата за да не ѝ се најде трагата? Од тој што го слушнавме како крадел гласови, купувал мерцедес со телевизорчиња, уривал згради на политички неистомисленици, бирал плацови на Водно за џабалак, криел убиство… Тој ли му кажал на Хан дека СЈО се злоупотребува?

Па нели, токму Хан минатата година во Пржино го промовираше СЈО како клучен елемент за излез од кризата? И тоа, како нова институција што треба да ги истражи злоупотребите на власта затоа што обичното обвинителство не сакаше. И сега, истиот тој Хан го промовира СЈО како дел од кризата. Значи, Хан пак одработува за власта чија злоупотреба треба да се испита.

Целата колумна на следнот линк.

Слични содржини