Ако сте љубители на хамбургери и пици, имаме лоши вести – тие можат да ви го нарушат здравјето повеќе отколку што очекувате. Јадењето брза храна ги изложува луѓето на 40% повеќе штетни хемикалии познати како фталати, тврди новото истражување.1d01c513180dce120f84aebbd6af5aa9

Фталатите се користат за омекнување и зголемување на флексибилноста на пластиката. Забранети се при изработка на играчки, бидејќи се потенцијално токсични. Овие хемикалии можат да го нарушат хормоналниот баланс и се поврзани со клинички состојби како астма и аутизам.

Истражувањето е едно од првите кои го третираат проблемот. Претходните истражувања покажуваа дека хемикалиите можат да навлезат од пластичните пакувања и да ја загадат храната.

Истражувањето анализира примероци од урина на 8877 учесници, консумирале различни видови храна во последните 24 часа. Утврдено е дека храната е со брза храна и имаат 40% повеќе од еден специфичен фталат. Меѓу потрошувачката на брза храна се различни видови леб, колачи, пица, бурита, ориз и нудли.

Слични содржини