Брзи, непечени рум бомбици

од desk2

За именден, слава или онака, за дома, пригответе вкусни бомбици…

Состојки:

250g маргарин
250g шеќер во прав
250g мелен кекс
100g мелени ореви
2 лажици рум
100g суво грозје
100g чоколадо
Подготовка:

Изматете го маргаринот и шеќерот во прав, па додајте го кексот, измелените ореви и румот.

Од смесата правете бомбици, а во средината на секоја ставете по едно зрно суво грзје.

Ставете ги во хартиени корпи, а потоа прелијте ги во растопено чоколадо.

Изладете ги 20-тина минути и послужете.

Слични содржини