Буџетот пред Законодавно-правната комисија

од Vladimir Zorba

  Собраниската Законодавно-правна комисија денеска ќе одржи три последователни седници.

На дневен ред се Предлог буџетот на Република Македонија за 2018 година, предлог законите за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, за изменување на Законот безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, поднесен од група пратеници и Статутот на универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, сите во второ читање.

Расправата по Предлог-буџетот за 2018 година заврши во матичната Комисија за финансирање и буџет. Од поднесените 279 амандмани беа прифатени шест од кои четири од ВМРО-ДПМНЕ.

Од четирите амандмани од ВМРО-ДПМНЕ два се целосно прифатени, а два се изменети во делот на финасирањето.

Комисијата ги прифати амандманите за субвенции за печки на пелети, за ТИРЗ во Куманово, за изградба на колекторски систем во Неготино, за решавање на проблемот со депонијата во Струга и за изградба на детски парк во скопско Нерези.

По завршувањето расправата во комисиите  Предлог буџетот повторно се враќа на разгледување во Владата по што ќе биде ставен на собраниска седница. На пленарна седница расправата по предлог буџетот трае пет работни дена./МИА

Слични содржини