Голманот на Јувентус, Џиџи Буфон, изјави дека екипата на Барселона е голем фаворит во финалето од Лигата на шампионите.

Juventus v AS Monaco FC - UEFA Champions League Quarter Final: First Leg

Буфон, смета дека Јувентус ќе има исклучително тешка задача, но и дека ќе му треба многу среќа против Барселона, за да дојде до третата титула првак на Европа.

– Барселона е екипа која е речиси непобедлива. Знаеме колку се силни Каталонците, но се игра еден натпревар, а знаеме дека во него секогаш не победува подобрата екипа’, изјави Буфон за италијанската телевизија „Скај спорт’’.

Италијанскиот првак Јувентус е првпат во финалето по 12 години, откако во „нокаут“ рундата ги елиминира, Борусија Дортмунд, Монако и се уште актуелниот европски првак Реал Мадрид.

– Ќе мора среќата да ни биде наклонета, бидејќи е јасно дека на хартија ние сме аутсајдери. Доколку Барселона, даде се од себе и игра на нивото на кое сме навикнати да ја гледаме, речиси ќе биде невозможно ние да ја освоиме Лигата на шампиони, дополни Буфон.

Финалето во Лигата на шампиони меѓу Барселона и Јувентус ќе се игра на 6 јуни на Олимпискиот стадион во Берлин./МИА

Слични содржини