Тројца Бугари, двајца мажи и една жена, беа осудени за шверц на бремени жени во Грција со цел последователна продажба на нивните бебиња. Пресудите издадени од судот во Бургас, се едни од најтешките можни за вакво злосторство, соопшти БНТ.

Двајцата мажи, односно на 47 и 50 години од малиот град Камен, се осудени на 10 години затвор, а сопругата на едниот од мажите ќе лежи шест години. Четвртиот вмешан во трговијата пак добил три години затвор за соучество. Злосторствата биле извршени меѓу 2008 и 2010 година