Бугарија отвора три нови бегалски центри

од Vladimir Zorba

Владата во Бугарија презеде обврска за отворање на три нови бегалски центри од отворен тип. Оваа одлука е дел од договорот со ЕК за доделување средства за заштита на јужната и поморската граница, изјави за „Би-Ти-Ви“ потпретседателката на оваа земја, Илијана Јотова. begaltsts

Таа посочи дека во својство на европратеник го поставила прашањето во Европскиот парламент и од одговорот станува јасно дека земјата нема да ги добие 160 милиони евра, кои беа побарани од страна на премиерот Бојко Борисов наменети за таа програма.

– Сумата е 101 милион евра, во кои има 10 отсто учество од страна на Бугарија. Освен тоа треба да изградиме и три нови белгаски центри од отворен тип. Тоа најверојатно ќе се случи при управувањето на сладната влада, истакна Јотова.

Имено, 18,9 милиони евра ќе бидат потрошени за изградба на камповите. Се уште не е познато каде ќе се наоѓаат тие.

Јотова додаде дека Бугарската социјалистичка партија (БСП) сигурно ќе го врати мандатот кој го доби од претседателот Росен Плевнелиев.

Таа изјави дека секој обид за составување на Влада во рамките на овој парламент е осуден на агонија.

Јотова го критикуваше претседателот за бавната реакција во време на владина криза.

– Плевнелиев направи се што е возможно така да се одолговлекуваат нештата со едни бесмислени консултации, бидејќи не е подготвен да состави официјален кабинет. Од се што се случи, единствено позитивно е што се усвои буџетот за идната година, наведе таа

Слични содржини