Динко Валев, самопрогласениот ловец на мигранти  организирал цели одмазднички банди кои патролираат и буквално ловат илегални мигранти низ Бугарија, а тоа го нарекуваат – спорт.

dinko-valev-foto-facebook-1457688744-861537-724x400

Динко Валев(29) си набавил и две оклопни возила како би можел да патролира низ недостапните места во околината на градот Јабмол во близина на границата со Турција.

– Ова би го опишал како еден вид на спорт. А за спортист не можете да кажете дека е насилен“, вели Валев и додаде дека му се јавувале луѓе со планински велосипеди и кучиња да му помогнат во фаќањето на илегалните мигранти.

Валев секој мигрант го нарекува џихадист, но негира дека неговите затвореници ги тероризира.

– Неговите жртви се мажи, жени и деца кои бегаат од Сирија. Валев призна дека знае да ги повреди тие луѓе. Еднаш ги натерал да легнат на земја и половина час им се заканувал со смрт. Во друга прилика се фалел како ловел маж со часови додека конечно не го фатил. Постојано ги навредува бегалците и јасно е дека сака да го прошири својот „бизнис“ за да фати повеќе мигранти. Уште повеќе загрижува тоа што сака владата да го финансира. Тој не само што шири страв помеѓу мигрантите во бугарското општество, туку бара и поддршка“, велат од Хелсиншкиот комитет.

dinko-valev-foto-facebook-1457689786-861569

Валев за бугарската државна телевизија објасни како почнал да патролира после трауматично искуство- мигрантите го нападнале кога бил сам.

dinko-valev-lov-na-migrante-foto-printscreen-fb-1457688913-861545

 

– Сакаа да ми го украдат моторот и викаа “Алах“, ништо не организирам јас, само ги викам луѓето да ми се придружат“, кажа и додаде дека секој илеглален мигрант го предава на полицијата. Полицијата не го допира, иако министерката за внатрешни работи Румјана Бачварова ги повика сите мештани да пријават секаква илегална активност, но Динко никој не сака да го пријави. раскажува Валев.

 

 

Слични содржини