Бугарка се удави при обид да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање

од Vladimir Zorba

  Теодора Балабанова од Бугарија го загуби животот на Халкидики, во својот обид да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, немилиот настан се случил близу Порто Карас. Средовечната се удавила додека нуркала заедно со нејзиниот 47-годишен сопруг, кој е префрлен со хеликоптер во болница во Солун.

По онесвестувањето, жртвата потонала на 60 метри длабочина.

Балабанова и нејзиниот сопруг имале пливачка школа.

Слични содржини