Бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева заминува за Република Македонија

од Vladimir Zorba

Заменик-премиерот за правниот реформи и министер за надворешни работи Екатерина Захариева ќе отпатува за Скопје на 1 август, соопштија од прес-центарот на министерството.

Вицепремиерот Захариева е дел од официјалната бугарска делегација, предводена од премиерот Бојко Борисов, која ќе биде во посета на Република Македонија, во периодот 1 – 2 август.

За време на посетата, на 1 август во Скопје ќе биде потпишан Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Истиот ден, вицепремиерот Екатерина Захариева ќе одржи и билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров.

По повод одбележувањето на 114-годишнината од избувнувањето на Илинденското востание, на 2 август бугарската официјална делегација и делегација на Владата на Република Македонија ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата “Свети Спас” во Скопје, се вели во соопштението на министерството.

Слични содржини