Бугарски државјанин осомничен за фалсификување на платежни картички

од Vladimir Zorba

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи (МВР) поднело кривична пријава против 37-годишниот бугарски државајнин К.З.З поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело изработка и употреба на лажна платежна картичка.

Како што информираат од МВР, осомничениот, „со намера да прибави противправна имотна корист“, во текот на овој месец „прибавил банкарски податоци од вистински платежни картички и со нив извршил повеќе успешни нелегални трансакции во хотел во Скопје“,

Дека станува збор за нелегална трансакција, според МВР, потврдиле и од една од банките во Скопје.

Бугарскиот државјанин бил приведен на 12 јануари и однесен во полициската станица Центар, каде тврдел дека не знаел ништо за плаќањето и дека немал никаква поврзаност со фалсификувани платежни картички, а престојот во хотелот наводно му бил платен од фирмата за која работел во Австралија, како награда./Мета

Слични содржини