Бујар Османи: ДУИ би одела со ВМРО-ДПМНЕ, но без фигури под истрага

од Vladimir Zorba

Бујар Османи, портпарол на ДУИ, ретерира во ставот околу коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ:

„ДУИ би правела влада со ВМРО-ДПМНЕ, но без функционерите кои се под истрага, рече синоќа Бујар Османи во емисијата „200“ на телевизијата Алсат-м.

На прашањето доколку ДУИ успее да направи Влада со ВМРО-ДПМНЕ, дали максимално ќе инсистира фигурите кои се под истрага да не бидат дел од извршната власт, Османи одговори: „Мислам да“.

„Јас реков дека се е можно. Можеби ќе се донесе одлука која ќе го прекрши начелото. Јас знам, ние знаеме дека последиците по прекршувањето на начелото ќе бидат многу тешки за Албанците. По другите изборни циклуси, не можам да кажам која одлука ќе доминира за време на овие анализи. Останаа уште три-четири дена, но сметајте дека платформата е услов без кој не се може, албанскиот јазик е услов без кој не се може и конкретно прецизирање на патот на интеграции е услов без кој не се може со која било политичка партија која може да направи влада или ако не, ќе одиме на предвремени избори“, одговори Османи на прашањето на новинарот дали неговиот директен одговор значи дека ова може повторно да биде некаква основа за да се избегне начелото „победник со победник“, за што се залагаше во неделата во интервју за „Гласот на Америка“ на албански јазик кога кажа дека во Македонија се врши притисок за непочитување на Мајскиот договор и принципот според кој „победникот кај албанската заедница го избира партнерот победник кај македонската заедница“.

Се огласи и потпретседателот на ДУИ, Теута Арифи, која за Алсат-м изјави дека принципот „победникот со победникот“ не е спомнат во Мајскиот договор од 2007 година.

Таа смета дека по изборните резултати, неправедно би било нејзината партија да се повикува на овој принцип, бидејќи го нема легитимитетот на албанските гласачи.

Повеќе високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се под истрага, меѓу нив и лидерот Никола Груевски./цитира а1он

Слични содржини