Бумчи: Политичката криза во Македонија ќе се реши само ако Груевски си даде оставка

од desk2

Албанскиот парламентарец Алдо Бумчи денеска оцени дека политичката криза во Македонија може да се реши само доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се поднесе оставка.

Бумчи, кој е член на опозициската Албанска демократска партија (АДП), за време на денешната седница на албанското Собрание изјави дека и Груевски и премиерот на Албанија, Еди Рама треба да си поднесат за да ги решат политичките кризи и во Македонија и во Албанија.

Бумчи вчера изјави дека премиерот Рама ја втурнал Албанија во политичка криза и оти со својата политика ги уништува компаниите, ги осиромашува млекарите со лошата откупна цена на млекото и граѓаните на Албанија со високата цена на електрична енергија./Мета

Слични содржини