Бунт во затворот Идризово поради страв од земјотресите

од Vladimir Zorba

Катанци на решетките во келиите и затворските соби во скопските затвори Шутка и Идризово се огромна опасност за над 2000 затвореници кои во случај на земјотрес не може да бегаат на отворено.zatvor_4

Вратите и катанците се отвораат само со клуч и нема можност ниту систем на истовремено отворање на сите врати, пишува во својата репортажа Телма.

Скопските земјотреси затворениците ги преживеале панично и се во страв дека нема да успеат да излезат на безбедно оти чуварите нема да стигнат да ги отклучат сите катанци.

Брзината на отклучување на келиите најголем проблем е во затворот Шутка каде се притвореници се заклучени со кратки паузи за прошетка.

Во затворот Идризово пак најризично е во машкото одделение бидејќи се работи за стара и руинирана заграда. Затворениците стравуваат дека при поголем потрес зградата едноставне може да биде срамнета со земја.

Синоќа во затворот токму овие затвореници се побуниле заради што морало на полноќ да интеревенира и директорот на затворот.Тука над илјада луѓе по првиот земјотрес масовно тргнале кон решетките да се спасат. Биле пуштени од чуварите во дворот на затворот. По вториот голем земјотрес биле пуштени и жените. Најбезбедни во моментов се женскиот и старечкиот дел кои се на приземје и се посебни објекти.  Но и излегувањето во дворот од женското одделение е ризично бидејќи тој е мал и полн со шахти и јами.

Како треба да постапи раководството засега сите одбегнуваат одговор

повеќе тука

Слични содржини