Бура во Европа: Откажани летови, нема струја, сообраќајки на две минути

од desk2

Сите летови од амстердамскиот аеродром „Шипхол“ се откажани, а во Велика Британија повеќе илјади домови немаат струја, додека во Германија на секои две минути сообраќајка.

Наставата во училиштата во некои делови од Германија е откажана поради бурата која ја погоди северозападна Европа.

На официјалниот Твитер профил на аеродромот во Амтердам „Шипхол“ наведено е дека откажени се сите летови поради лоши временски услови.

Холандската авиокомапнија KLM соопшти дека откажала денеска пвеќе од 200 летови од аеродромот „Шипхол“ поради силната бура која ја погоди Холандија, јави АП.

Холандскиот метеоролошски институт издаде предупредување со ознака „црвено“ за поголеиот дел од земјата.

Прекинат е и железничкиот сообраќај. СОопштено е дека дошло до судар на линијата меѓу градовите Гауда и Алфеб аб де Рејн, без наведување детали.

Поради бурата која ја погоди Велика Британија повеќе илјади домови на југоистокот на Англија останаа без струја, а поради оштетени далекуводи и паднати стебла дојде до измена на железничкиот сообраќај.

Условите за возење во некои делови на Шкотска се исклучително опасни, а надлежните советуваат возачите да избегнуваат возење поради силни ветрови, снег и мраз.

Пристаништето во градот Гент во Белгија е затворено поради силните ветрови, а властите на Белгија утрово издадоа „портокалово предупредување„ за северот на земјата.

Во некои белгиски градови бурата туркаше дрвја, а авио-сообраќајот на меѓународниот аеродром „Завентем“ е изменет.

Училиштата во поголем дел на Германија се затворени, а се очекува бурата од запад да донесе снег, дожд и силни ветрови.

Властите ги предупредија граѓаните, да не ги напуштаат своите домови.

Агенцијата DPA, повикувајќи се на податоци од полицијата, пренесе дека на патиштата меѓу градовите Вилхелмшавен и Вестерстеде на северот на Германија има сообраќајки на секои две минути.

Слични содржини