Бурата како играчка нишаше авион што се обидуваше да слета во Германија

од desk2

 

Авион на Еуровингс од среден дострел имаше турбулентно слетување во Дизелдорф, Германија за време на бурата Фредерика која предизвика хаос ширум Германија.

Јачината на бурата може да се види на снимка од слетувањето на пистата, а храбриот пилот успеа да му се спротивстави на ветрот и патниците ги спушти на земја безбедно.

Авионот Bombardier Dash 8 со 80 седишта на летот EW 9141 од Вестерланд во германија драматично се нишаше во воздухот, но сепак успеа да се израмни со пистата и да слета без последици.

Портпаролот на компанијата за агенцијата DPA вели дека во ни еден момент безбедноста на патниците не била загрозена. Сосема друго прашање е како се чувствувале патниците во авионот.

Слични содржини