Јапонската компанија Casio развива сопствен паметен часовник, со кој сака да влезе во сегментот на најпаметните додатоци. Компанијата се надева дека нејзиниот предлог ќе им се допадне на корисниците од Apple Watch, пишува The Wall Street Journal.smartwatch

Casio сака да направи уред кој е првенствено часовник, а не минијатури на smartphone. Графиката ќе се потпира на здраво и издржливо куќиште и ќе става акцент над удобноста. Компанијата вели дека нејзиниот предлог ќе биде часовник кој има паметни функции, а не паметен уред кој воедно покажува и час.

“Се обидуваме да создадеме наш паметен часовник кој ќе досега ниво на совршените рачни часовници. Да биде уред кој нема да се скрши лесно, да е лесен да се стави и да е удобен”, коментира новиот претседател на Casio Казухиро Кашин. Тој додава дека првичниот план е уредот да се појави во Јапонија и САД до крајот на март следната година.

Целна група ќе бидат мажи, кои активно практикуваат спортови на отворено. Функциите и типот на уредот ќе се прилагодени на спортот, додава Кашин. Компанијата се надева да генерира околу 80 милиони долари од продажба “што е можно побрзо”, а потоа да го прошири своето присуство во сегментот.

Слични содржини