Почетна / Хроника

Хроника

ИСТРАГА!Кој го нарача насилството? Состојбата околу Собранието е мирна

  Сообраќајниците околу Собранието на Република Македонија кои по завчерашните нереди беа блокирани од полицијата, изутринава се отворени за сообраќај. Околу собраниската зградата и натаму има засилено полициско присуство. Во инцидентите што се случија во четвртокот вечерта откако група граѓани, пуштени од полицијата , насилно влегоа во Собранието по постапката …

Повеќе

ОЈО го преиначило делото од „обид за убиство“во „учество во толпа“

Основното јавно обвинителство отвори истрага за упадот во Собранието, каде беа нападнати пратениците. Неофицијално од извори во МВР, НОВА дознава дека предметот кој се водел како „обид за убиство“ и бил одземен на обвинителката која требала да го води случајот и тоа од страна на обвинителката Гордана Гешковска и е …

Повеќе

Заев: Пред нас зборуваа како ќе не убијат

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција изјави дека вчера во собранието се случил обид за убиство со умисла и по план. -Тука пред нас зборуваа како ќе не убијат, како ќе го извршат чинот – рече Заев.

Повеќе

Чавков ги саботирал наредбите на министерот на полицијата Нухиу- Ќе следи кривична одговорност за саботерите!

Министетот Агим  Нухиуи на прес конференција пред малку изјави дека како министер ги осудува настаните и признава дека  дел од структурите на МВР не си ја завршија работата за што ќе сносат кривична  одговорност. Тој го известил и внатрешната контрола на МВР и обвинителството и бара брза реакција. ЈАс како министер …

Повеќе

Пред Собранието мирно, се засилува полициското присуство се подигаат огради

  МВР наведуваат дека поради претходната безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземат дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилност   Пред Собранието на Република Македонија, по синоќешните инциденти,  претпладнево  состојбата  е мирна, нема собрани граѓани, но се засилува присуството на полицијата. Кај …

Повеќе

Казните за ваков тип насилства врз пратеници во парламентот се од 3 до 10 години затвор!

Што вели кривичниот законик за ваков тип на насилства, врз служебени лица, пратеници, насилен влез во парламент, уништување инвентар… Колку за информација дел од тие казнени одредби: Член 384 (1) Тој што учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе спречи или ќе се обиде да спречи службено лице во …

Повеќе

(ФОТО) Штетите во собраниската зграда по истиснувањето на насилните демонстранти

По околу 4 часа насилно запоседнување на Собранието на Република Македонија, демонстрантите ноќеска беа истиснати од Парламентот и полицијата конечно воспостави контрола над законодавниот дом. Демонстрантите внатре во зградата насилно ги заземаа просториите, ги кршеа ходниците и ги нападнаа пратенциите. Штетите кои ги оставија зад себе ви ги пренесуваме преку …

Повеќе

МВР информира за нормализирана безбедносна состојба и 70 повредени

Министерство за внатрешни работи информира дека безбедносната состојба во централното градско подрачје,  околу и во Собранието е  нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. „Поради претходната севкупна безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземе дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна …

Повеќе

Собраниската зграда конечно е под контрола на полицијата!

Пред околу еден час беа евакуирани сите пратеници, новинарите и вработените од Собраниската зграда, кои беа заробени по насилното влегување на демонстрантите од „Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија“ во Парламентот. Поголемиот дел од демонстрантите го напуштија протестот, но една група остана и постави шатор со намера да преноќи. Околу 22 …

Повеќе

МВР ги проверува собраниските простории и ги повикува болниците да пријават повредени

По извршената евакуација, во 22.35 часот издадена е наредба на полициските службеници на терен да извршат проверка на сите работни простории во Собранието на Република Македонија за евентуално останати лица на кои им е потребна медицинска помош.   Исто така издадена е наредба на полициски службеници при Секторот за внатрешни …

Повеќе