oruzje
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Н.(32) и Р.Н.(66) двајцата од с.Кучевиште – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Ограбена бензинска, спречен шверц на мигранти, кај кондовци пронајден пиштол, пронајдена граната, уапсен осуденик…

 

Од страна на полициски службеници на 04.05.2016 година извршен е претрес во домот на пријавените при што се пронајдени и одземени две пушки, еден пиштол, една граната за ракетен фрлач, три рачни бомби, две запалки за рачни бомби, една димна бомба, 544 куршуми калибар 22 мм, 205 куршуми калибар 7,62 мм, 80 куршуми калибар 5, 56 мм и 126 куршуми непознат калибар. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Слични содржини