Нема договор меѓу партиите ниту за измените на Изборниот законик ниту за Законот за забрана на објавување на прислушуваните разговори. Преговорите ќе продолжат и денеска.

хан грујо

Синоќа разговорите запнаа кај Законот  што го предложија ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во Собранието, со кој се наложуваат затворски казни за поседување и емитување на содржината на „бомбите на Заев“. СДСМ со поддршка на амбасадорите побарала повлекување на предлог-законот, доработка и истовремена заштита на т.н. „свиркачи“. Владеачките партии прифатиле да бараат начин за надминување на новата криза во преговорите., и да најдат начин како даг и запеглаат работите а како  најдобра солуција е договорено самите предлагачи да го повлечат законот, но Талат Џафери од ДУИ барем за сега одбива да го стори тоа.

СДСМ пак се заканиле дека ке продолжат уште денес со бомбите или можат да се повлечат од понатамошни преговори па дури и априлските избори.

Дури доцна во ноќта се прешло делумно  на главната тема и темите поврзани со Изборниот законик.   Но и таму без никаков исход. Рокот за договор околу гласањето на дијаспората, прочистувањето на Избирачкиот список, одлучувањето по жалби, медиумското спонзорство на партиите и другите проблематични точки во изборниот процес, истече синоќа на полноќ.Денеска најавуваат дека ќе се заврши, но рокот е пробиен.Предлогот е спакуван  и е на маса.

Колку ваквиот  небулозен закон и мавтање со затворки казни против новинарите партиите  и тие кои ги слушаат и читаат бомбите  значеше и подметнување за купување време и пренасочување на дебатата , е за размислување, но во принцип , велат од опозицијата бегање  нема.

Сега на ред е ставот на  САД , ЕУ  , Хан и неговиот тим,  кому Груевски , Заев ,Ахмети и Тачи им ветија дека нема пробивање на роковите, и нема откажување од договорот од Пржино.

 

Слични содржини