Чарли Шин се исповеда за болеста ХИВ, за животот и смртта

од Vladimir Zorba

Денот кога разбрав за дијагнозата сакав да се стрелам, но мајка ми беше со мене, изјави актерот.


Победникот на “Златен глобус” актер – Чарли Шин, зборува отворено за борбата со ХИВ и изјави дека им се восхитува на луѓето кои поминуваат низ истото.
“Денот кога ја разбрав дијагнозата сакав да се застрелам, но мајка ми беше со мене и немаше како тоа да го направи”, раскажува Шин.

“Различнои беше кога ми дадоа апчиња и ми рекоа дека ќе живеам”, изјави актерот и изрази благодарност за лекарската помош прикажана при борбата со болеста од која страдаат повеќе од еден милион и двесте илјади луѓе во САД.

Актерот ја откри дијагнозата јавно во ноември 2015 година. Тој вели дека се чувствува добро по четиригодишната пауза и раскажува за својот нов проект “Луди семејства” – филм за три семејства, кои се принудени да го поминат одморот заедно.

Слични содржини