Часови пред отворањето: Обвинија руски дипломат за убиство во Рио!

од desk3

Неколку часа пред отворањето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, на пат е да се развиори сериозен дипломатски скандал. Полицијата во Рио излезе со информации дека рускиот вице-конзул убил човек кој го нападнал на раскрсница во градот, во близина на Олимпиското село.

Полицијата не го открива идентитетот на дипломатот, но локалниот весник “Екстра” прецизира дека тој е бразилски адвокат на 60 години,кој ја владеел борбената уметност Џиу-џицу.

2110974740

Руската амбасада веднаш излезе со декларација, која негира каква и да е вмешаност на нивен човек кон инцидентот:

“Амбасадата на Русија во Бразил информира дека нема претставник на Генералниот конзулат на Русија во Рио де Жанеиро, кој учествувал во обид за напад, кој завршил со убиство во квартот Барра де Тижука овој четврток”

Краткото изјава завршува со појаснување: “Вработените на дипломатското претставништво се руски државјани со руски имиња, а во случајот нема вмешан таков човек”

Сајтот на “Екстра” дава детали за инцидентот, кој се случил во квартот на Рио, во близина на Олимпиското село. Претпоставениот дипломат упаднал во сообраќаен метеж на булеварот “Авенида де Лас Америкас”, додека патувал со својата сопруга и ќерка. Бил достигнат од мотоцикл, чиј возач го нападнал возилото, го скршил стаклото до возачкото место со оружје. По судир меѓу двајцата имало истрели кои го убиле на место напаѓачот. Придружникот, кој бил на мотор избегал.

Во исто време за отворањето на Олимписките игри оваа ноќ се ангажирани близу 85 000 полицајци и војници, кои ја следат за безбедноста во градот-домаќин.

Слични содржини