ДИК не го прифати избирачкиот список од Министерството за внатрешни работи, потпишан само од дополнителниот заменик-министер Митко Чавков, затоа што не бил во потребниот формат за да може да се споредат податоците. МВР ќе треба дополнително да достави список во бараниот формат. Членовите на ДИК не го отворија прашањето за тоа што податоците од МВР не се верификувани и од министерот Оливер Спасовски.

Keti_29_01_2016129165655

Предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни ќе чинат 456,664 милиони денари или околу 7,5 милиони евра, пишува во финансискиот план кој Државната изборна комисија го усвои вчера.

диккОд оваа сума, само за печатење на избирачките ливчиња и друг печатен материјал се планирани 40 милиони денари. За печати, перничиња, УВ ламби и спреј, сигурносни ленти и паравани буџетот изнесува 9,2 милиони денари, за транспорт 9 милиони денари, за печатење на избирачки список изнесува 4 милиони денари, за транспорт на членови на избирачки одбори во ДКП за денот на гласањето изнесува 25 милиони денари, транспорт на доверлив и недоверлив материјал 7 милиони денари.

 

Слични содржини