Дури и да сме имале само претпоставки за државен удар, претседателот мораше да го знае тоа од самиот почеток, изјави министерот за надворешни работи 

1469337084-weejpg

Русија е меѓу земјите кои покажаа најголема поддршка на Турција за време на воениот преврат. Ова го соопшти министерот за надворешни работи на земјата Мевлут Чавушоглу. Многу земји упатија пораки за поддршка на демократијата во Турција. Русија е меѓу оние кои ни покажаа најголема поддршка, изјави Чавушоглу во интервју за турскиот телевизиски канал NTV. Според него во моментот на превратот во системот за безбедност имаше недостатоци.

Путин го спасил Ердоган- Предупредувањето стигнало од Русија

 Дури и да сме имале само претпоставки за државен удар, претседателот мораше да го знае тоа од самиот почеток, соопшти РИА новости, цитирајќиго  министерот. Чавушоглу  го нарече она што се случило лекција за власта. Затоа, во блиска иднина ќе бидат прифатени сите можни мерки за спречување на слични инциденти.турр

Во оваа врска веќе се откажани повеќе од 10 500 пасоши на турски граѓани и се планира да бидат затворени повеќе од 1.500 приватни установи поради сомневање дека се поврзани со Фетуллах Гулен. Властите  ја дискутираат можноста да објавуваат пакети документи на бунтовници, во кои се гледа нивните планови за промена на земјата. Во овој момент во рамките на масовна чистка се отстранети од работа околу 45 000 служи на различни структури, уапсени се стотина  военјници , а исто така 200 судии и обвинители.

Затворите во Турција веќе се преполнети со бунтовници

На 16 јули во текот на ноќта во Турција беше направен обид за државен удар. Наутро властите во земјата соопштија дека бунтот е изгаснат, а одговорноста за него беше префрлен на Фетуллах Гулен. Според последните податоци за време на бунтот загинале над 290 лица, а повеќе од 1.000 се повредени

Ердоган призна за значителни разузнавачки пропусти пред обидот за пуч

Слични содржини