Чавушоглу во понеделник доаѓа во Скопје кај Димитров, па оди за Атина

од Vladimir Zorba

Шефот на турската дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, во понеделник доаѓа во официјална посета на Македонија, на средба со својот нов македонски колега Никола Димитров, дознава Либертас од дипломатски извори.

Како што дознаваме, Чавушоглу, по посетата на Скопје оди во Атина.

Претходно во Атина беше и Димитров, каде побара поддршка, како дел од напорите на новата македонска влада за влез во НАТО и почеток на преговори за влез во ЕУ.

– Јас сум тука да барам поддршка, и помалку ми е важно кој ќе биде победник, кој ќе биде повешт во аргументите, пораката ми е – ја барам поддршката на грчката Влада и на грчката јавност, нас во овој момент ни треба еден поттик исправено да зачекориме по патот по кој сакаме да одиме, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров по средбата во Атина со неговиот грчки колега Никос Коѕиас.

Слични содржини