Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров побара синоќа од претседателот Владимир Путин да го дозволи војници на Чеченија да се борат во Сирија против “Исламска држава”, во чии редови има борци од оваа руска република, пренесе Франс прес.

zx450y250_2621239

“Сакам да ни биде дозволено да одиме во (Сирија) и да учествуваме во операциите”, изјави Кадиров во етерот на руското радио, два дена по првите воздушни напади на руската авијација против цели во Сирија, цитиран од агенциите.

“Тоа не се бајки на ветрот. (…) Во 1999 година, кога Чеченија беше окупирана од овие ѓаволи (терористите ), Ние се заколнавме врз Куранот, дека во текот на целиот свој живот ќе се бориме против нив , независно каде се наоѓаат тие “, додаде Кадиров, имајќи го предвид исламскиот бунт во втората војна во Чеченија.

download

Чеченскиот претседател изјави дека џихадисти се послаби од неговите војници, кои се со богато искуство. “Ние ги познаваме, ние ги подмачкавме тука (во Чеченија), ние ги победивме. И тие не познаваат”, изјави Кадиров.

“Ако барањето биде слушнато за нас тоа ќе биде празник”, изјави Кадиров, и потсети дека конечната одлука е на главниот командант на вооружените сили Владимир Путин.

Скоро 2 илјади руски државјани се борат во редовите на “Исламска држава” во Ирак и Сирија, според податоците на руските антитерористички служби, а според проценките на експертите нивниот број е близу 5 илјади. Мнозинството од нив се од Чеченија или поранешни борци од исламскиот бунт во почетокот 2000-тите години.

Слични содржини