Чеде Јаневски ќе биде нов тренер на Вардар?

од desk2

Според порталот „Екипа“, Вардар и Чеде Јаневски веќе се договориле, во наредните денови се очекува соработката и официјално да биде објавена.

Едната варијанта е Јаневски веднаш да биде „фрлен во оган“ и да го преземе кормилото и за дуелите со Фенербахче, а втората опција е да биде промовиран по завршувањето на двомечот со турскиот тим.

Во случај Јаневски да биде промовиран по дуелите со Фенер, дотогаш тимот привремено ќе го води помошникот на Гоце Седлоски, Александар Васовски.

Чеде Јаневски е фудбалска легенда на Вардар, црвено-црниот дрес го носеше од 1982 до 1989 година, беше дел и од шампионската генерација која во 1987 го освои првенството на Југославија.

Слични содржини