Челзи и Арсенал ќе играат за жртвите од пожарот во Лондон

од Vladimir Zorba

   Приходот од претстојниот натпревар од Комјунити шилд, во кој ќе играат фудбалерите на Арсенал и Челзи, ќе им биде даден на жртвите од пожарот во зградата во Лондон.

Шампионот на Премиер лигата и победникот од ФА купот ќе играат за трофејот Комјунити шилд на 6 август на Вембли, а фудбалерите од двата клуба одлучија тој натпревар да биде и хуманитарен.

Арсенал и Челзи заедно со „Мекдоналдс“ се надеваат дека ќе соберат 1,25 милиони фунти за жртвите.

Семејствата на жртвите и преживеани станари од зградата се повикани на натпреварот, како и персоналот од итните служби кои им помогнаа.

Во пожар во лондонскиот солитер Гренфил, кој целосно изгоре, загинаа 79 луѓе.

Слични содржини