Чешкиот министер повика на преиспитување на трошоците за одбрана

од Vladimir Zorba

Во врска со проект законот за државниот буџет, чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки изјави дека не би можел да ја замисли земјата да не го исполни ветувањето да троши 1,4% од БДП за одбрана во 2020 година, пишува весник The Daily Prague Monitor.

Предлог предложен од поранешниот министер за финансии Андреј Бабиш непосредно пред неговата смена, предвидува до 2020 година едвај 1,16% од БДП на земјата да биде одвојуван за одбрана. Тоа значи дека војската нема да располагат со 20 милијарди круни предвидени во првичниот план.

По тој повод Стропницки увери дека ќе разговара со новиот министер за финансии Иван Пилни и премиерот Бохуслав Соботка. “Сега треба да зборуваме сериозно за тоа како да ја достигнеме квотата од 1,4%”, истакна министерот за одбрана.

Ако ова ниво не биде постигнато, нема да биде можно зголемување на буџетот за одбрана до потребните два проценти од БДП до 2025 година, предупреди Стропницки.

Слични содржини