Чешкиот Парламент му го одзеде имунитетот на премиерот Бабиш

од desk2

Долниот дом на Парламентот во Чешка денеска му го одзеде имунитетот на премиерот Андреј Бабиш.

Во гласањето учествуваа 180 пратеници, од кои 111 ја поддржаа одлуката, а 69 се изјаснија против.

Одземањето на имунитетот на премиерот, чија Влада во вторникот не ја доби довербата од пратениците, значи дека против него ќе започне судска истрага по обвинението за измама. Пред неколку месеци полицијата го обвини Бабиш и негови блиски сопартијци за организирање мрежа за незаконско присвојување на околу 2,5 милиони долари преку негови фирми во форма на субвенции од европските фондови.

Скандалот е обелоденет непосредно пред одржувањето на парламентарните избори во октомври минатата година, на кои партијата на Бабиш „Акција на незадоволни граѓани“ (АНО) освои убедлива победа. Бабиш ги отфрли обвиненијата против него и планира да ја докаже својата невиност пред суд. Тој тврди дека против него и АНО дејствува политичка мафија.

Слични содржини