Триесет и четири годишна скопјанка и нејзиниот четири годишен син загинаа додека сопругот, триесет и три годишнен скопјанец не е повреден во тешката сообраќајна несреќа што синоќа околу 19 часот се случи на автопатот Неготино – Велес непосредно пред наплатната рампа кај Градско.

nesreka-fin1432674788_thumb_medium490_0

Тие патувале во автомобилот марка Матиз со скопски регистерски таблички и најверојатно налетале на еден од двата камиони кои претходно на патот се удриле еден во друг. Матизот го управувал мажот додека негови сопатници биле жената и малолетното дете. Патничкото возило по ударот излетало надвор од патот. Тоа се случило само неколку минути откако претходно на автопатот во полесна сообраќајна несреќа се судриле двата камиони и додека возачите ја согледувале штетата. . Овој дел од автопатот беше  затворен за сообраќај и возилата се пренасочуваат по стариот пат за Велес преку населбата Градско.

Портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска информираше декаденедка  ќе бидат соопштени првичните информации од извршениот увид на местото на несреќата

Слични содржини