Четвртина од 18-годишните Норвежани никогаш немале дупка во забите

од Vladimir Zorba

Од 2016 година околу 24 отсто од младите Норвежани до 18 години пораснале без ниту еден расипан заб и немале потреба да посетуваат забар.

 


За споредба, речиси секој 18-годишник во 1985 година во устата имал барем по неколку расипани заби, покажуваат податоците од норвешката статистика.

Во последните 20 години, денталното здравје кај децата и адолесцентите многу е подобрено. Разликата мешу оние кои немаат ни еден расипан заб и оние со неколку расипани заби е уште поголема, а вкупниот број на оние кои имаат по некој заб со кариес е многу намален.

Бројките од 2016 година покажуваат дека 9 отсто од 18-годишниците имале повеќе од еден расипан заб. Намалувањето од 2005 година е повеќе од 42 отсто./Norway Today

Слични содржини