Чевли како еднорог од Кристијан Лобутин

од Vladimir Zorba

Брилијантните чевли дефинитивно беа водечки за време на презентација на дизајнерските колекции за есен-зима 2017.

Модни куќи како Saint Laurent, Missoni, Isabel Marant и Chanel ја надополнија облеката со смели додатоци, слични на диско изгледот.

Нема како да не го одбележиме и новиот модел на еден од најдобрите дизајнери на чевли – Christian Louboutin.

Пар чевли го направија своето деби во Instagram, а презентацијата беше извонредна – со преминување со рака по површината што ја зајакнува брилијантноста на моделот.

Во една насока бојата е сребрена, а во друга – се прелева меѓу зелена, црвена и златно.

Вистинската магија од Christian Louboutin можете да ја  видите во видеото тука.

Слични содржини