ДИК го усвои извештајот за досегашните теренски проверки на избирачкиот список. Членовите на Државната изборна комисија имаат спротивставени ставови во однос на тоа дали ќе се стигне навреме да се направи пречистувањето за да има избори на 5 јуни.

dik_26

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски изјави дека нема да го потпише избирачкиот список ако остане макар и еден спорен гласач, објави Телма.

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дебатираа за процесот на прочистување на Избирачкиот список, што е еден од условите за одржување на предвремени парламентарни избори на 5 јуни. Членовите предложени од владејачките партии со став дека до 20 мај, кога би требало да биде заклучен Избирачкиот список пред изборите, ќе биде реален, додека за членовите од СДСМ прочистувањето е на почеток.

Слични содржини