Чикаго Булс стигна тешко до успех дома против Бостон

од Vladimir Zorba

Чикаго Булс победи против Бостон Селтикс  со 104: 103 на домашен терен. На паузата гостите имаа предност од шест поени, но “биковите” ја освоија третата четвртина со 29:20, а во последната Џими Батлер реализираше две фрлања 0,9 секунди пред крајот и донесе победа на тимот. Батлер заврши со 29 поени, а Аизеа Томас исто постигнувајќи толку за Бостон, кој ја прекина серијата од четири победи. Во другиот натпревар од денот Вашингтон Визардс победи над Индијана Пејсерс со 111: 98 надвор.

Слични содржини